Повторно врие во Каталонија: Протести за независност од Шпанија!

t

Десетици илјади жители на шпанската покраина Каталонија излегоа во неделата на улиците на главниот град Барселона за да побараат независност од Шпанија.

Речиси пет години по неуспешниот обид за отцепување од Шпанија, по што следеа судски процеси против каталонските челници од кои некои се во егзил во странство, собирот во неделата се одвиваше под мотото „Да се вратиме да победиме: Независност!“.

Првично немаше информации од организаторот на собирот, сепаратстичкото граѓанско движење АНЦ или од полицијата за бројот на учесниците. Меѓутоа, медиумите наведуваат дека имало помалку демонстранти отколку минатата година кога полицијата извести дека учествувале 108.000 луѓе, а АНЦ тогаш објави дека имало 400.000 лица. Во годините пред пандемијата, повеќе од милион луѓе учествуваат на ваквите собири.

Медиумите информираат дека можно е да се појавиле помал број на луѓе поради споровите во сепаратистичкото движење. Во моментов во судир се левичарската партија ЕРЦ на покраинскиот претседдател Пере Арагонес, којашто е подготвена на преговори со Мадрид, и партијата Јунтс којашто смета на раскинување со Мадрид. Двете партии инаку се дел од владејачката коалиција во Каталонија.

Првпат по долго време челникот на регионалната влада не учествуваше на собир за независност. Арагонес се повлече откако беше критикуван од АНЦ. Во кусиот говор Арагонес повторно повика на одржување референдум за независност.

Меѓутоа, владата во Мадрид го отфрла одржувањето на референдумот, откако уште пред пет години Уставниот суд објави дека плебисцит за независноста на некоја од покраините не е предводен со Уставот на Шпанија. Според некои анкети, популацијата во Каталонија, која е индустриски и туристички двигател на шпанската економија со 19 отсто од БДП-то на земјата, е поделена по ова прашање, околу 50 отсто од 7,5-милионскот население сака независност, додека другата половина не сака раздружување со Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанија праќа борбени авиони и воен персонал…

Шпанија ќе испрати вкупно 15 борбени авиони…

Голема акција на Европол: Откриени и запленети…

Европол на 21 септември заедно со шпанската…

Шпанија воведува “данок на солидарност”: Ќе го…

Шпанија ќе спроведе „данок на солидарност“ од…

Психопати насекаде: Жена претепала седуммесечно бебе во…

Седуммесечно девојче се бори за живот откако…

Повторно врие во Каталонија: Протести за независност…

Десетици илјади жители на шпанската покраина Каталонија…