Повторно негативен природен прираст во Македонија: Бројот на умрени поголем од бројот на родени за скоро 10.000

t

Природниот прираст во земајва и минатата година бележи негативните тенденции. Дури 9.868 повеќе лица починале отколку што се родиле во текот на 2021 година. Притоа негативен природен прираст е забележан и во градските и во селските средини. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, каде може да се види дека минатата година сме имале 18.648 живородени, додека починале 28.516 лица. 

Негативната тенденција во градските средини е поизразена отколку во руралните подрачја.

–  Природниот прираст кај населението е негативен и во градските подрачја изнесува – 6.731 лице, а во селските подрачја – 3.137 лица – се наведува во анализата на ДЗС. 

За споредба, Македонија негативен природен прираст прв пат регистрираше во 2019 година, кога разликата беше 601 лице. Веќе во 2020 година разликата се зголеми на 6.724 лица, односно за толкав број сме имале повеќе умрени од родени.

За професорот Илија Ацевски, многу причини придонесуваат за негативниот природен прираст, но иселувањето на младите кои одбираат да заминат во некои од развиените земји за подобар живот го истакнува како една од причините со најсериозен импакт.

–  Во време на глобализација и европеизација, младите гледаат каде се живее подобро, каде е подобро образованието, каде е животот поквалитетен. Во земја како нашата, младите не гледаат перспектирва и резултатот го гледаме во иселувањето на младата популација, а веќе и на постарите генерации. Дополнително државата нема скоро никаква стратегија за овој проблем – вели Ацевски.

Податоците покажуваат дека негативен природен прираст е регистран во сите осум региони.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија во градските подрачја живородени се 11.224 деца или 60.2 отсто од вкупниот број на живородените деца, додека 7.424 или 39,8 проценти деца се живородени во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања по региони има Скопскиот со 38,9 отсто, а најмало Источниот регион со 6,3 проценти.

Исто така бројките говорат дека во градските подрачја умреле 17.955 лица или 63 отсто, а 10.561 лице или 37 проценти умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупното број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 30,6 отсто, а најмало Вардарскиот Регион со 8,3 проценти. Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја е 73.2 години, а во селските 73.3 години.

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција ги порази македонските кошаркарски надежи со…

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години…

“РТС”: Северна Македонија, друштва на мртви цареви

Двајца поранешни бугарски императори и соработници на…

Ахмети: За пет години ќе бидеме членка…

Али Ахмети во денешната честита по повод…

Клучни придобивки од Рамковниот договор се зачувување…

Пред 21 година, во Охрид, претседателите на…

Младите македонски ракометари се пласираа во финалето…

Македонската ракометна репрезентација до 18 години ќе…