Подготовки за офанзива: Украина нарача сто оклопни возила од Полска

Украина нарачала 100 полски повеќенаменски оклопни возила „Росомак“, што се произведени под финска лиценца, а ќе ги платат Европската унија и САД, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
Добиваме нарачка од украинскиот премиер Денис Шмигал за 100 оклопни возила „Росомак“ што ќе се произведуваат во Сјемјановице Слонскје, јужно од Полска, рече Моравјецки.
Плаќањето ќе се врши од фондовите на ЕУ дадени на Полска и од американските фондови што ги доби Украина, изјави полскиот премиер.
Полскиот премиер не наведе колку е вкупната сума на договорот.
„Росомак“ е повеќенаменско оклопно возило што се произведува под лиценца на финската фирма „Патриа“ (Patria AMV).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…