Објавено на:

Поддршка од Кисела Вода за освојувачот на бронзен медал од ЕП во Турција, Петар Спасеновски

t

Денес остварив средба со каратистот Петар Спасеновски.

Овој 24-годишник од Расадник, пред еден месец се врати со бронзен медал од ЕП во карате кое се одржа во Газијантеп, Турција.


🇲🇰 Репрезентативецот на Македонија, кој е член на КК Макпетрол, во борбата за бронзениот медал во категоријата до 84 килограми слaвеше против Оз Мурат од Турција со 2-0.

Имено, во 2019 од Данска се врати со европско злато, а три години пред тоа од ЕП во Кипар донесе бронза за македонското карате. Инаку е студент на правниот факултет, кој целиот свој животен ритам, покрај на подготвувањето на испитите, го има подредено на спортот и тренинзите.

Успехот бара дисциплина, што очигледно дава резултати

Му се заблагодарив за афирмацијата на македонскиот спорт и му укажав дека може да смета на финасиска поддршка од својата матична општина, Кисела Вода.

Каратистот Спасеновски вети дека од следното првенство ќе се врати со златен медал.

Впрочем тоа многу брзо ќе има шанса и да го докаже, бидејќи веќе утре заминува на Медитерански игри во Алжир, каде ќе се натпреварува на 26 и 27 месецов.

Со среќа!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Глобал Тајмс: НАТО НЕ МОЖЕ ДА ЈА…

И покрај сите вложувања во конфликтот во…

Ќе поскапи евтината струја?

Можно е поскапување и на евтината струја,…

Латас: ДУИ е насилна партија, тоа што…

Такви сцени не доликуваат ни на слава,…

Тепачка меѓу работници во Кисела Вода

На 27.06.2022 во 23.50 часот во Полициската…

Маричиќ вели: Време е да заврши нашиот…

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…