Поднесени два важни Предлог закони до Собранието на РМ: Ќе предизвикаат намалување на цените на некои производи

t

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, денес најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе два предлог закони до Собранието на Република Македонија.

Едниот Предлог закон се однесува на намалување на акцизата на горивата за 50%, а другиот за намалување на данокот на додадена вредност за одредени производи.


Го пренесуваме соопштението во целост:

“Почитувани,

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија, денес до Собранието на Република Македонија ќе достави два исклучително битни предлог закони.

Со првиот предлог закон бараме намалување на акцизата за горивата за моторни возилата за 50% со што значително ќе се намали финансискиот товар врз граѓаните и транспортните компании. Со ова цената на бензинот веднаш ќе се намали за 13 денари, а цената на дизел горивото за 9,5 денари.

Со вториот предлог на закон бараме до 31 декември 2022 година данокот на додадена вредност за производите за човечка исхрана и за топлинската енергија т.е. парното да бидат со 0%. Дополнително, бараме и ДДВ за електричната енергија да биде 5% и во остатокот од 2022 година, а не само до 1 јули по што е предвидено покачување на ДДВ на 10%.

Почитувани,

Во текот на вчерашниот ден Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика т.е. Комисија за поскапувања најави ново зголемување на цената на горивата. Пред точно две години, на 2 март, цената на литар бензин изнесуваше 64 денари, а на литар дизел гориво 56 денари. Во овој момент без најавеното покачување цената на литар бензин изнесува 82,5 денари, а на литар дизел гориво 74 денари.

Зголемувањата се огромни, надминуваат и 30%. Со оглед дека власта не размислува во интерес на граѓаните, ние како пратеничка група сметаме дека државата мора да се откаже од 50% од акцизата во овој критичен период во кој има нарушување на светскиот пазар на енергенсите. Владата размислува со мотото „сиромашните немаат пари за да возат“ и не сфаќаат дека повисоките цени на горивата ги засегаат сите безразлика на имотната состојба на граѓаните.

Производите што се носат во маркетите се превезуваат со камиони кои возат на дизел гориво, меѓуградскиот превоз кој поскапе за 20тина проценти изминатиов период истотака вози на дизел гориво, а за жал власта е слепа и не превзема ништо. За потсетување, власта неколкупати досега ја зголемуваше акцизата и сеуште има предлог во собраниска процедура за зголемување на давачките за дополнителни 4 денари по литар гориво.

Почитувани,

Покрај намалувањето на акцизите, бараме и дополнително намалување на финансискиот товар на граѓаните преку целосно намалување на ДДВ за прехрамбени производи од 5% на 0%. Сведоци сме дека во изминатиов период цените на основните прехрамбени продукти драстично пораснаа, па така според последното соопштени на Државниот завод за статистика во јануари 2022 година наспроти истиот месец претходната година лебот поскапе за 10,6%, месото за 6,4%, млеко, сирење и јајаца за 7,2%, маслата за 26%, овошје за 11,3%, зеленчукот за 14,8% итн. Долга е листата на поскапувања.

Почитувани,

Власта мора да реагира брзо и да ги прифати предлозите на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за полесно да се соочиме со новиот бран на поскапувања поради актуелните случувања. На граѓаните и бизнис секторот не им се потребни видео клипови од Илинденска, туку реални мерки кои ќе го намалат финансискиот товар кој е се поголем.” – вели Стојановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица во Собранието поднесе предлог Резолуција за…

Политичката партија Левица во македонското Собрание поднесе…

Предлог ребалансот на буџетот ќе се најде…

Ребалансот е во фаза на подготовка. Направени…

И БЕСА ќе ја блокира работата на…

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами денеска…

СДСМ: Блокадата на Собранието е нарачана од…

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во време…

Двајца без тројца: Слаб одзив на членството…

Мал дел од наставничкиот кадар излезе денеска…