Поднесени 107 пријави за пензионер од Неготино – преку видео на социјална мрежа навредувал цело село
Пензионер преку видео навредувал цело неготинско село. Таква пријава поднеле 107 жители од Криволак против 67-годишниот Љ.Т. од Неготино, обвинувајќи го дека на социјална мрежа објавил видео со „невистини и навреди на национална основа во врска со изборниот процес“.
„Тој на 20 октомври преку личен профил и профил кој го управува на социјална мрежа, објавил видео во кое употребил погрден и навредлив израз за лица од село Криволак, повикувајќи на дискриминација и ускратување на изборното право на група граѓани по етничка основа. На 21 октомври во ОВР Неготино се примени три пријави, а потоа и на 24 октомври од страна на 107 жители на село Криволак, неготинско, писмено е пријавено, дека Љ.Т. на социјална мрежа објавил видео, кое било јавно достапно, а во кое изнел невистини и навреди на национална основа во врска со изборниот процес“, појаснија од СВР Велес.
Пријавата е испратена до ОЈО Кавадарци, а 67-годишникот се товари за „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, предвидено во член 394-г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски вели дека трезорот може да не…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кажа дека…
Тошковски: Нема да има толеранција за опасно…
Системот „Сејф сити“ ќе работи со прецизно…
Започна демонтажа на стариот радар на Меѓународниот…
Денеска официјално започна процесот на демонтажа на…
Расте бројот на загинати во терористичкиот напад…
Зборувајќи на прес-конференција, премиерот на Нов Јужен…
Колку вреди зборот на Мицкоски?
Колку вреди зборот на Мицкоски? Мислев да…