Поднесен е предлог за референдум за регионалната депонија во Новаци!

Поднесена е предлог-иницијативата за референдум за регионалната депонија во Новаци, соопшти Фејсбук страницата Бабам Битола.
Во продолжение текстот на иницијативата.
Предмет: Доставување на предлог иницијатива за распишување локален референдум
Почитувани,
Врз основа на законските одредби за локална самоуправа и непосредно изјаснување на граѓаните, до Вас доставуваме предлог иницијатива за распишување локален референдум на територијата на Општина Новаци, за прашањето:
,,Дали сте ЗА или ПРОТИВ изградба на Регионална депонија во Општина Новаци и Пелагонискиот регион?”
Предлог иницијативата е поддржана со соодветен број потписи на жители на Општина Новаци. Во прилог на ова писмо доставуваме:
– Формулар со потребениот број на потписи според законот, од запишаните избирачи во Општина Новаци;
– Образложение на иницијативата со еколошки, здравствени, правни и социјални аргументи;
– Предлог за покренување граѓанска иницијатива за распишување на локален референдум во Новаци. Со ова пропратно писмо, предлог иницијативата ја поднесуваме на понатамошно разгледување и постапување и ваш позитивен одговор, Ве поздравуваме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поднесен е предлог за референдум за регионалната…
Поднесена е предлог-иницијативата за референдум за регионалната…
Протест и блокади во Новаци во вторник!
Протест и блокади во Новаци се закажани…
(Видео) Општонароден бунт во Пелагонискиот регион! Народот…
Во Битола има најголема смртност, зголемен број…
„Бабам Битола“ до градоначалникот на Новаци: Еден…
Фејсбук страницата „Бабам Битола“ реагира на најавата…
(Во живо) Секој втор кочанчанец во текот…
Секој втор кочанчанец во текот на 2023…