Поднесен Обвинителен акт против едно лице од предметот „Планина“

t

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на денешниот ден до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против Е.З. обвинет во предметот познат во јавноста како „Планина“.

Обвинетиот од 27 март минатата година до 24 февруари годинава беше недостапен на органите на прогонот. Со дејствијата опишани во 16 точки во Обвинителниот акт обвинетиот Е.З сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 став 3 вв ст.1 од Кривичниот законик.

Според Обвинителниот акт, обвинетиот, како член на мрежа на препродавачи и посредници, во повеќе наврати воспоставувал контакти со заинтересирани купувачи и неовластено продавал наркотична дрога – кокаин.

Е.З неовластено продавал по еден килограм наркотична дрога кокаин месечно, а за продадената дрога од организаторите на криминалната група како награда добивал процент од постигната цена која се движела во износ од за 4000 до 5000 денари по 1 (еден ) грам – кокаин.

Имајќи предвид дека обвинетиот беше во бегство, како и специфичноста, видот и тежината на кривичното дело, начинот на извршување, карактерот и висината на предвидената казна за кривичното дело што му се става на товар, јавниот обвинител со Обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на мерката притвор спрема обвинетиот.​​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија: Скопјанец пронајден мртов во стан

На 03.10.2022 во 23.08 часот во Полициска…

Рускиот Рибар: Украинците користат американска технологија, секоја…

Руски "Рибар" на Твитер детално ја објаснува…

Парно ќе има, грејната сезона почнува на…

АД ЕСМ и Адора постигнаа договор за…

Косово со закон ќе го забрани штрајкот…

Родителскиот совет на Косово повика денеска враќање…