Подољак: Ќе најдеме решение за функционирање на Старлинк

t

Михаило Подољак, советник на претседателот на Украина, изјави дека Киев ќе најде решение за да ја одржи функционална сателитската мрежа Старлинк.

Претходно денеска американскиот милијардер Илон Маск изјави дека неговата вселенска компанија „SpaceX“ не може на неодредено време да го финансира Старлинк во Украина.

– Да бидеме искрени. Сакале или не, Маск ни помогна да ги преживееме најкритичните моменти од војната. Компаниите имаат право на своја стратегија. Украина ќе најде начин да го одржи во функција Старлинк. Очекуваме американската компанија да обезбеди стабилна врска до крајот на преговорите, рече Подољак.

Мрежата Старлинк е дизајнирана да обезбеди пристап до Интернет преку голем број микросателити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бјелогрлиќ на протестите во Белград: Тоа што…

Во 18 часот пред Собранието на Србија…

Нуклеарната централа “Запорожје” е “екстремно ранлива”

Украинската нуклеарна централа Запорожје три месеци е…

(Видео) Хрват уапсен во Панама за убиство…

На аеродромот во Панама е уапсен хрватски…

Вучиќ повика на обединување на Србите

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ им се…

Шоле го охрабрил Вучиќ да преземе чекори…

Специјалниот советник во американскиот Стејт департмент, Дерек…