Пожар во Долнени, на терен еден противпожарен авион

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека рано утрово во атарот на с. Гострижни во општина Долнени избувна пожар, при што гори висока сува трева, нискостеблеста деградирана шума и појас со висока дабова и габерова шума.
На терен се противпожарни екипи од ЈП „Национални шуми“ и ТППЕ Прилеп, а и дел од противпожарните сили, кој е префрлен од претходната интервенција во истата општина – од пожарот кај с. Слепче.
Како воздушна поддршка на силите што дејствуваат од земја е пратен едно летало – противпожарен авион од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) – за да помогне за прекин на ширење на пожарот во шумскиот дел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Многу чудна појава во Јапонија, илјадници…
Илјадници мртви риби ги прекриле бреговите на…
Прстен вреден 750.000 евра е пронајден во…
Раководството на еден од најпознатите хотели во…
Зеленски му пријде на Орбан очи во…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…
Москва: Русија нема да дозволи „нацистичка држава“…
Во моментов, ниту Западот ниту Киев не…
Најмалку 17 повредени во судир на два…
Најмалку 17 лица се повредени во судир…