Пожар во напуштена куќа во Тетово – пожарникарите го гаселе речиси цела ноќ

Командантот на тетовските пожарникари, Авни Амети информира дека пожарот избувнал во куќа во која никој не живеел и била напуштена. Во пожарот нема повредени лица.
Четири часа им биле потребни на тетовските пожарникари да го изгаснат пожарот што синоќа избувнал во напуштена куќа на улицата „Тодор Ципоски-Мерџан“ во близина на Саат џамија во Тетово.
Командантот на тетовските пожарникари, Авни Амети информира дека пожарот избувнал во куќа во која никој не живеел и била напуштена. Во пожарот нема повредени лица.
„Од наша страна е интервенирано по пријава во 02:55 часот, целосно завршено беше гаснењето во 06.50 часот“, вели Амети.
Во гаснењето на пожарот учествувале 12 пожарникари со четири возила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски ги подбра властите: Неспособни сте, корумпирани…
Пишува Никола Груевски на Фејсбук: Разорениот земјотресот…
ТРАГЕДИЈА ВО КАНАДА: Автобус удри во градинка,…
Градски автобус денеска удри во градинка во…
Зеленски: Велика Британија им помага на „украинските…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Лондон…
СЗО испраќа стручни тимови и авиони со…
Светската здравствена организација испраќа стручни тимови и…
Имал потекло од Тетово: Блажевиќ двапати за…
Легендарниот хрватски тренер, Мирослав Блажевиќ, кој почина…