Познатиот актер во посета на Белата куќа: Потребни се реформи за толкувањето на вториот амандман

Познатиот холивудски актер, Метју Меконахи ги раскажа приказните за убиените во престрелката во неговиот роден град Увалде, Тексас и повика на итна „реформа на оружјето“.
Меконахи и неговата сопруга Камила Алвес се појавија пред новинарите во Белата куќа по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден, пренесе „Анадолија“.
Алвес држеше зелени патики на една од жртвите на нападот во Увалде, додека Меконахи беше зад подиумот.
Тој рече дека по нападот отишол во Увалде, ги слушал приказните за жртвите една по една и ги раскажа од говорницата.
Нагласувајќи дека и тој поседува оружје, но сепак треба да се донесат некои прописи за поседување.
Во врска со ова, Меконахи го повика Конгресот да ги преземе неопходните чекори.
Посочувајќи на вториот амандман на Уставот, кој им дава на Американците право да поседуваат оружје, тој рече: „Одговорните сопственици на оружје се уморни од злоупотреба на вториот амандман“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…
САД го поздравија успешниот крај на преговорите…
САД продолжија со испораката на оружје за…
Испораките на оружје од САД за Украина…
Косово ќе склучи договор за одбрана со…
Владата на Косово, иако во технички мандат…
Рубио: САД ја повикаа Москва да размисли…
Вашингтон разговараше за територијални отстапки со Киев,…
БОМБА ОД РУБИО: УКРАИНА Е ПОДГОТВЕНА ЗА…
Украина е подготвена за прекин на огнот,…