Познати идентитетите на насилниците кои тепаа луѓе во Куманово

Кумановската полиција ќе поднесе пријава против две лица од липковското село Опае, бидејќи ги сомничи за физички напад врз две лица во центарот на Куманово, соопшти денеска полицијата.
Видеото од физичкиот напад синоќа се прошири на социјалните мрежи и предизвика внимание во јавноста.
СВР Куманово утрово информираше дека работи на расчистување на случајот, откако триесет и тригодишен кумановец го пријавил случајот во полицијата по полноќ.
-Денеска во СВР Куманово бил извршен службен разговор со Б.Р.(23) и А.Р. (22) од село Опае, липковско. Тие се сомничат дека вчера, околу 19:30 часот на улицата „Маршал Тито“ во Куманово физички ги нападнале Р.Н.(33) и Н.М., двајцата од Куманово, наведува во соопштението СВР Куманово.
По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) МВР на потег: Ова е едно…
Додека МВР го расчистува случајот со симнувањето…
НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ НА ЛАГИ: Не е точно…
Не е точно дека исчезнатото 14-годишно девојче…
„Политико“ го прогласи Володимир Зеленски за главен…
Весникот „Политико“ го прогласи Володимир Зеленски за…
Скопјанец нападнат со нож кај Бит Пазар!
На 27.11.2023 во 07:35 часот во СВР…
Ченто: 6 години од најподмолната акција на…
Поминаа 6 години откога се започна со…