Објавено на:

Познат актер осомничен за несоодветна сексуална комуникација со малолетничка

t

Актерот Џозеф Гат беше уапсен на почетокот на овој месец поради несоодветна сексуална комуникација со малолетничка.

Полицијата на 6-ти април издала налог за претрес на куќата на Гат во Лос Анџелес, по што го уапсила 50-годишниот актер, соопшти полицискиот оддел на Лос Анџелес (LAPD).


Одделот што го истражува овој случај ги повика сите кои имаат дополнителни информации за овој случај да се обратат во полиција.

Актерот бил ослободен истиот ден кога бил уапсен, откако платил кауција од 5.000 долари.

Гат подоцна објави на своите профили на социјалните мрежи и ги отфрли сите наводи. Тој ги нарече „ужасни и целосно невистинити“.

-Би сакал да се осврнам на целосно страшните и невистинити обвинувања против мене. Сè е сосема погрешно. Соработувам со полицијата за да се расчисти се. Со нетрпение чекам да си го исчистам името,  напиша актерот, а потоа додаде:

-Им благодарам на сите мои пријатели и на сите кои ме поддржуваат, а кои знаат дека тоа е невистинито и разбираат дека од правни причини не можам дополнително да коментирам за овој случај на социјалните мрежи.

Гат е познат по улогите во три епизоди на „Игра на тронови“, во кои го толкуваше ликот на Тена Варга.

Неодамна се појави во серијата „NCIS: New Orleans“, а има улога и во претстојниот филм на DC „Black Adam“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ