Познат дипломат и публицист за Димитров и Бугарија: Се плaшaм дека веќе се е договорено

t

Се додека се остава Бугарија да прави што сака и да нѐ малтретира, таа ќе остане со тврд став, инсистирајќи на точките од спогодбата. Згора, од ЕУ ѝ одат на рака и јас не сум оптимистички расположен во однос на решавањето на спорот, вели дипломатот и публицист Драган Јањатов, пренесува Нова Македонија.

Тој изрази загриженост од можни отстапки од македонска страна, надвор од црвените линии за јазикот и за идентитетот.


– Се плашам да не има веќе договорени отстапки од македонска страна, надвор од истакнатите црвени линии за јазикот и за идентитетот, со што би се попуштило во однос на други прашања. Не можеме да знаеме додека не видиме што ќе донесе бугарскиот Кирил Петков во Скопје – смета Јањатов.

Најавите на новоназначениот бугарски премиер Кирил Петков за проширување на темите на дискусија помеѓу Софија и Скопје со пет посебни комисии за унапредување на односите, за Јањатов претставуваат своевидно одвлекување на вниманието од поважните прашања во спорот.

Извор: Нова Македонија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Започнува зрачењето: Три компании во трка за…

– По завршувањето на јавната расправа до…

Бугарскиот амбасадор во САД: Има обид да…

„Има обид да се протурка резолуција со…

Лозарите оставени на цедило: Нема договор за…

По соопштението на ВВ „ Тиквеш “„за…

Работник во Македонија почина од струен удар

МВР објави дека работник во фабрика во…

Во ЕУ на “куково лето”: Петков предложил…

Бугарски „Капитал“ јавува дека на вчерашната владина…