Покарј штрајкот, вработените во Управата за водење на матични книги утре излегуваат и на протест

t

Вработените во Управата за водење матични книги утре излегуваат на протест барајќи покачување на платите за 30% и уредување на работниот статус.

-Ве известуваме дека по повод штрајкот кој се одвива во управата за водење на матични книги, организиран од Независниот синдикат на управата утре 05.05.2022 година дополнително вработените од управата ќе оддржат протест од 15.00 часот до 17.00 часот пред министерството за правда каде ќе бидат блокирани улиците.

Во 16.00 часот пред министерството за правда ќе оддржиме и прес конференција на која ќе ги пренесеме нашите барања за која ќе ни биде чест доколку присуствувате и медиумски го покриете нашето излагање, стои во нивното соопштение до јавноста, велат од Управата за водење на матични книги.

Во Македонија има околу 500 вработени во Управата за водење на матичните книги, во рамките на Министерството за правда. Веќе пет дена не се издаваат изводи на родени, на умрени и на венчани, а се работи само на итните случаи. Тие се жалат дека дел од вработените земаат плата и под минималната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Умри кремљски стаорец”: Десетина Руси протестираа против…

Десетина Руси се приклучија на протестите против…

Слепите лица протестираа пред Владата: Бараат зголемување…

Националниот сојуз на слепите лица на Република…

(Видео) Источна Македонија блокирана: Оризопроизводителите протестираат против…

Оризопроизводителите од источниот дел на Македонија денеска…

Ќе делат книги за Македонците во Албанија…

38% од Бугарите не прочитале ниедна книга…

Руси протестираа во Келн: Бараат откажување од…

Околу две илјади рускојазични жители на западниот…