Објавено на:

Поклонете се пред “кралот”: Реал Мадрид е шампион по 14-ти пат

t

Реал Мадрид е „кралот“ во Лигата на шампионите! Рекордерот по бројот на титули во најелитното натпреварување, над сите очекувања слави во финалето против Ливерпул со 0-1 (0-0). Херој на Реал на „Стад де Франс“ беше Винициус Жуниор кој го постигна единствениот погодок, меѓутоа вреди да се издвои и партијата на Тибо Куртоа кој блескаше меѓу стативите. „Црвените“ беа поконкретни и имаа повеќе шанси, ама „кралската“ мрежа остана недопрена. 

  • Извештај од натпреварот:

Анчелоти се реши за претпазлива варијанта, со четири играчи за врска, а само Винисиус и Бензема во нападот, додека Клоп спротивно на тоа од првата минута ги испрати Салах, Мане и Луис Диаз. Поради тоа, стартот на дуелот не беше изненадување. Ливерпул беше екипата која ја имаше топката, притискаше со висок пресинг и се обидуваше да пронајде простор низ одбраната на Реал. „Кралевите“ пак, трпеливо ја чекаа својата шанса преку транзиција или контра напади, но стартот беше мирен и без возбудувања. 


Првата посериозна можност дојде по 16 минути игра, откако Трент Александер Арнолд проби од десната страна, уфрли на петерецот, а од тешка позиција со пета се обиде Мохамед Салах кој изнуди одлична интервенција од Тибо Куртоа. Веќе во следните неколку акции, Ливерпул се закануваше со изненадни удари преку Тиаго Алкантара и Салах, но Белгиецот беше присебен. „Црвените“ се залетаа, па најголемата шанса во воведниот дел ја имаше Садио Мане. Сенегалецот биеше добро, ама Куртоа со парада ја одби топката во стативата.

„Кралевите“ се консолидираа по воведниот налет на Ливерпул, успеаја да ја задржат топката во своите нозе, ама и понатаму беа инфериорни. Во вториот дел на првото полувреме, вистинските шанси изостанаа и англиските фудбалери отстапија од целосната офанзива. Мрежата еднаш се тресеше во финишот на полувремето, откако по една мешаница погоди Карим Бензема. Сепак, ВАР собата утврди дека топката која се одби од Валверде преку Конате и Фабињо до Французинот е нерегуларна и голот не важеше. 

Стартот на вториот дел беше одново мирен, Ливерпул пак се обиде да наметне темпо и ја имаше топката. Сепак, Реал Мадрид одигра според својот план и договор, дочека момент на невнимание и преку брза транзиција дојде до предност. Акцијата се одвиваше по десната страна, Феде Валверде ја префрли топката на втора статива, а таму Винициус Жуниор лесно погоди во мрежата на Алисон за 0-1 во 59. минута. 

Ливерпул фрли сè на карта напад, Клоп се обиде да освежи со Жота и Кеита, а неговите пулени притискаа. Сепак, како што одминуваше времето, растеше тензијата. Реал Мадрид по којзнае кој пат покажа искуство, присебност и смиреност во дефанзивата, ги затвори приодите кон својот гол и го бранеше стекнатото водство. Обрачот околу голот на Куртоа се стегаше, меѓутоа одличниот белгијски голман и неговите колегу од одбраната не дозволија израмнувачки погодок. Најблизу до гол за Ливерпул беше Салах, кој откосо не успеа да го матира Куртоа. 

Реал Мадрид 14. пат во својата историја го крена трофејот во Лигата на шампионите, а Ливерпул испушти шанса да се израмни на второто место со Милан и остана на шест титули.

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска од Мадрид: Безбедноста на регионот е…

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во…

Антивоени протести во Мадрид пред сликата на…

Неколку часа пред почетокот на Самитот на…

Анти-НАТО протест во Мадрид

Илјадници луѓе денеска протестираа во Мадрид поради…

Салах се разделува со Ливерпул?

Египетскиот репрезентативец, наводно, барал неделна плата од…

Џоана: Самитот на НАТО во Мадрид ќе…

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана денеска…