Полициска акција во угостителски објекти во Скопје, има приведени- еве ги деталите
Вечерта 19/20.03.2022 полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија во содејство со Единицата за интервентна полиција постапувајќи по акциски план за спречување на кривични дела по чл. 215 и 216 од КЗ на РСМ на подрачје на град Скопје извршија контрола во два угостителски објекта, при што е извршен преглед над дeсетина лица, од кои кај две лица е пронајдена марихуана. Лицата се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
По дополнителни оперативни проверки од страна на полициските службеници добиени се дополнителни сознанија, по што, со обезбедена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории во Скопје, каде се пронајдени 10 паковки кокаин, 115 таблети екстази, една паковка прашкаста материја, вага и нож. Од слобода е лишен Д.А (23) од Кратово и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ на РСМ. Засилени контроли продолжуваат и во наредниот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…