Полицијата апсеше за дрога низ цело Скопје, приведени и малолетници

t

Полицијата апсеше за дрога низ цело Скопје. 

Марихуана пронајдена во Центар, Гази Баба, Бит Пазар, Карпош… Меѓу уапсените и малолетници. 

Денеска во 00.05 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Б.В.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

На 10.01.2025 во 14.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Б.(32) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети, марихуана и прашкаста материја. 

На 10.01.2025 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Џ.(20)  од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

На 10.01.2025 во 20.50 часот во Скопје на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. 

На 10.01.2025 во 16.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

На 10.01.2025 во 12.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ѓ.(40) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

На 10.01.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.К.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. 

По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седум локации – МВР забрани да се…

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…

Авион на грчкото воено воздухопловство вечерва од…

Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство…

(Фото) Граѓани палат свеќи за починатите во…

Граѓани палат свеќи за починатите во Кочани…

15-годишно девојче од Скопје уценувано со интимна…

50-годишен скопјанец вчера пријавил во полиција дека…

Мицкоски се врати во Скопје со изнајмениот…

Премиерот Мицкоски се вратил во Македонија со…