Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

t

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа Тик Ток, е расчистен и ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.11.2025 во полициската станица Струмица, 42-годишен маж од струмичко пријавил дека пред околу една недела неговиот малолетен син бил жртва на насилно однесување од страна на четири малолетни лица, кое било снимано и објавено на Тик Ток.

По пријавувањето, полициски службеници од СВР Струмица презеле мерки за расчистување на настанот. Инволвираните малолетници биле повикани во полициската станица, каде се извршени службени разговори во присуство на нивните родители.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и Центарот за социјални работи Струмица биле запознаени со случајот. По целосно документирање, ќе биде поднесен соодветен поднесок по Закон за правда за децата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник…

Случајот во кој четворица малолетници насилно се…

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди…

Американскиот сенатор од Луизијана Џон Кенеди јавно…

САД и Унгарија склучија договор од 114…

САД и Унгарија потпишаа договор вреден 114…

Македонското здравство уште не може да си…

Министерството за здравство сè уште пребројува колку…

Потпретседателот на САД предизвика дебата за меѓурелигиски…

Потпретседателот на САД, Џејмс Дејвид Венс, предизвика…