Објавено на:

Полицијата направи претрес во Прилеп – прoнајдено оружје, приведени две лица

t

Денеска (05.05.2022), полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола -Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп – Отсек за недозволена трговија ги лишиле од слобода Е.Е.(34) и С.Д.(29), двајцата од Прилеп.

При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Е.Е. бил пронајден и одземен пиштол марка „Ekol Tuna” без муниција, додека кај С.Д. биле пронајдени и одземени пиштол марка „Застава” и 6 куршуми калибар 6,35 мм.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонците во светот бараат извинување од Ескобар:…

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), водечка организација на…

Левица удри по министерот за правда! –…

Скандалозен е молкот и немањето реакција на…

(Видео) Бајден не може да си ја…

Американскиот претседател Џо Бајден се обиде да…

За седум дена ќе биде познат судбината…

Еврејската заедница на Македонија ја започна процедурата…