Полицијата најде дрога и странски државјанки на “журка” во Тетово

На 17.09.2023 во 01.10 часот, согласно претходно изготвен оперативен план за контрола на угостителски објекти, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и ЕБР во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд извршија акциска контрола во угостителски објект во Жеровјане, општина Боговиње.
При контролата затекнати се четири странски државјанки (од Србија, Украина, Молдавија и Албанија) како и 55 гости, меѓу кои и двајца малолетници. На подот во објектот пронајдена е паковка со прашкаста материја.
Од страна на УЈП е констатирано неиздавање на фискални сметки, а од страна на ДИТ лица кои непријавени вршат работни активности. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) 50 полицајци повредени за време на…
Околу 50 полицајци се повредени како последица…
(Видео) Давидовски: Тетовци, особено жителите во радиус…
Жителите на Тетово, особено жителите кои живеат…
Во пожарот во фабриката во тетовско изгореа…
Во фабриката во тетовско Фалише изгоре голема…
На црковно место најприродно е да има…
Од Црковниот одбор при манастирот „Свети Наум…
Пудлите на Мицкоски здружено бараат отстранување на…
„Ја повикуваме Комисијата за односи со верските…