Објавено на:

Полицијата на нозе: Напад со експлозивна направа во фабрика во Косово

t

Експлозивна направа е фрлена синоќа околу 23 часот врз објектот на дистрибутерот на електрична енергија, „Електрокосмет” во Северна Митровица, при што е предизвикана само материјална штета и нема повредени лица, јави агенцијата КосоваПрес.

Извори на агенцијата информираат дека е целосно уништена една трафостаница и оштетени се неколку возила кои биле паркирани во близина на објектот.

– Постојат сомневања дека направата е фрлена намерно од едно или повеќе лица и е поврзано со договорот за енергетика постигнат меѓу Приштина и Белград пред неколку дена во Брисел. Како последица на експлозијата, најголемиот дел од градот остана без струја до раните утрински часови”, велат изворите на КП.

Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и ја продолжува истрагата, а покренато е и обвинение за три кривични дела во врска со инцидентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брнабиќ: Брисел да престане со лицемерието!

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, одговарајќи на…

Првата официјална покана на новиот албански претседател…

Новиот албански претседател, Бајрам Бегај ќе го…

Дуа Липа стана почесна амбасадорка на Косово

Пејачката Дуа Липа стана почесна амбасадорка на…

“Форин полиси” за ситуацијата во Косово: Србија…

Се чини дека кавгите со Косово, ракувањето…

Пукање на косовско-српската граница: Нападната косовската полиција

Косовската полиција е нападната денеска на пладне…