Полицијата покрена истрага за забавите на Даунинг стрит

t

Борис Џонсон беше под зголемен притисок да поднесе оставка по информациите за роденденска забава среде карантинот, на која присуствувале 30 вработени.

Лондонската полиција потврди дека е покрената истрага за „голем број настани“ одржани на Даунинг стрит поради потенцијални прекршувања на ковид-правилата.


„Можам да потврдам дека Мет сега истражува голем број настани што се случија на Даунинг стрит и Вајтхол во последните две години во врска со потенцијални прекршувања на ковид-регулативите“, рече денеска полициската комесарка Кресида Дик.

Говорејќи денеска пред Собранието на Лондон, Дик изјави дека истрагата е покрената откако на Скотланд јард му биле доставени информации „од страна на истражувачкиот тим на Кабинетот“ и по „сопствена процена на полицајците“.

Соопштението доаѓа пред објавувањето на извештајот, кој се очекува оваа недела, од вишата државна службеничка Сју Греј, која ја водеше внатрешната истрага за наводите за прекршување на карантинот.

Во последниве недели, британските медиуми објавија за голем број настани наводно одржани на Даунинг стрит и други владини оддели додека строгите ковид-мерки беа во сила во 2020 и 2021 година, вклучително и настан „Донесете си алкохол“ во градината на број 10.

Во понеделникот, Даунинг стрит призна дека Борис Џонсон присуствувал на роденденска прослава приредена како изненадување во Кабинетот, чиј домаќин била неговата сопруга Кери, за време на карантинот во јуни 2020 година, кога беа забранети собири во затворени простории.

Тековната сага „Партигејт“ предизвика голем гнев во рамките на самата Конзервативна партија на Џонсон, ставајќи ја во опасност неговата позиција како премиер. За време на минатонеделната седница за прашања до премиерот, високиот конзервативен функционер Дејвид Дејвис го повика Џонсон да „ги провери“ наводните прекршувања на правилата за карантин. Друг конзервативен пратеник, Кристијан Вејкфорд, истиот ден поради сето ова премина во Лабуристичката партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Нека побараат од Украина да им…

Британските власти треба да бараат од украинската…

Светските лидери се соочуваат со кризи на…

Каква разлика прави една година. Огромните предизвици,…

Нов „шамар“ за Џонсон: Конзервативците загубија на…

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон беше…

Русија: Британија бара помош за смртните казни…

Рускиот амбасадор во Лондон во вторникот изјави…

Британија со нови санкции

Британската влада е решена да воведе дополнителни…