Полицијата пронајде исчезнато лице

Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево го пронашле З.С.(50) од с.Зелениково, кој претходно бил пријавен дека се оддалечил од домот.
Како што информира МВР лицето било пронајдено околу полноќ на патот за Марков манастир.
-Имено, околу 22.30 часот во Полициската станица Драчево З.С.(55) од с.Зелениково пријавил дека неговиот 50-годишен брат, кој имал здравствени проблеми, се оддалечил од дома, велат од полицијата.
По пронаоѓањето, лицето било однесено во Полициската станица Драчево и било предадено на семејството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од Идризово веќе имало успешно бегство преку…
Група затвореници во скопскиот затвор „Идризово“ се…
Анкета: Половина од Американците сметаат дека истрагата…
– Околу половина од Американците веруваат дека…
Денес се празнуваат Светите четириесет маченици во…
Сите овие беа војници во римската војска,…
Метео: Променливо време со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во…
Припадници на затворската полиција од Идризово знаеле…
Се истражува дали затворски службеници биле вклучени…