Полицијата уапси три лица: Осомничени се дека го запалиле автомобилот на Шилегов

t

Полицијата вчера уапсила тројца кои се осомничени дека пред еден месец го запалиле џипот на ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Како што информираат од МВР, уапсени се А. Ј., С. Б. и С. Ј., сите од Скопје и против нив е поднесена кривична пријава до Основното обвинителство Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност” по чл. 292, а во врска со чл. 288 од Кривичниот законик.


„На 27 април, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ј., С.Б. и С.Ј., сите од Скопје. По преземени мерки и активности е утврдено дека тие на 9 март во Скопје со запалива течност предизвикале пожар во патничко возило „Ауди“, од кој биле зафатени три други возила, „Фолксваген Пасат“, „Нисан“ и „Даеву матиз”, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алијанса за Албанците: „Пукачот“ се бранел

Алијансата за Албанците реагираше по синоќешните настани…

Притвор за 12 демонстранти, кои беа уапсени…

Во врска со извршено кривично дело „учество…

(Видео) Полицијата стои додека фрлаат со камења…

Вчера се случи голем инцидент кога демонстрантите…

Апасиев: Со Шарена дојдовте, со Црвена ќе…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев се огласи…

Паѓа и Борис Џонсон: Денеска ќе поднесе…

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе поднесе…