Полицијата “улови” мигранти од Пакистан во кумановско

t

На 25.03.2021 во периодот од 22:40 до 23:30 часот во напуштени објекти на поранешна свињарска фарма во с.Речица, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот пронашле 23 лица мигранти од Пакистан.

На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово и на стариот пат од Куманово кон с.Сопот, во с.Долно Којнаре, кумановско, полициските службеници забележале како мигрантите излегуваат од три возила, кои претходно не застанале на даден знак за запирање.

Мигрантите биле предадени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претрес на МВР во кумановско: Утврдени неправилности…

Полицијата во соработка со претставници на други…

СВР Куманово изрече над 100 санкции за…

Денеска (14.08.2022) во времето од 14 –…

Акција на МВР: Приведени седуммина, пронајдена дрога…

Полицијата од СВР Тетово во период од…

Запалено возило во Куманово: Интервенирале пожарникари

Кумановските пожарникари интервенирале на три пожари во…