Полиција и денеска го чува бугарскиот клуб “Цар Борис Трети” во Охрид!

t

Ден по вчерашните протести против отворањето на бугарскиот културен центар кој го носи името на поранешниот бугарски цар Борис Трети, полицијата и понатаму ги чува просториите на клубот. Историчарот од Охрид, Павле Митрески за “Алсат” вели дека отварањето на вакви клубови не е случајно.

„Бугарите го користат заради нивната сто педесет годишна желба, Македонците да се Бугари.Во основа со народ никогаш не треба да си играш. Народот си останува тоа што е,без разлика што некои наши политичари направија грешка во тие меѓународни договори со Бугарија, но тоа не беше добро“, рече Павле Митрески.

Државата вели Митрески, треба да стави крај на овие провокации.

Според шефот на дипломатијата Бујар Османи, именувањето на клубот во „Цар Борис„ е на штета на бугарската заедница во земјава, бидејќи претставува провокација.

„Правото на здружување е неприкосновено, но името не е во согласност со втората точка од Конвенцијата за заштита на малцинства, тоа да се прави во духот на дијалог и пријателство, бидејќи ова име ниту помага во пријателството, туку напротив е основа за раздор и нетрпеливост. Оттука сметам дека е провокација. Ова оди на штета на интересите на бугарската заедница во државава и тоа во момент кога таа заедница добива можност повеќе да се здружува, да ја изразува својата посебност и преку Протоколот и обврските од Протоколот и дебатата за промена на Уставот“, рече Бујар Османи министер за надворешни работи.

Од СВР Охрид, велат дека едно лице вчера било евидентирано, како кон одредена група на граѓани вчера фрлал со предмет. Против него ќе биде поднесена прекршочна пријава.Од клубот вчера рекоа дека ќе ги чуваат канцеларите на клубот.

„Ние не можеме да запреме никој, тоа е нивно право.Тука имаме литература, кој сака може да си земе. Досега некои пропагандни работи не се правени“, изјави Томе Блажески-претседател на бугарски клуб во Охрид.

На социјалните мрежи се појавија фотографии, на кои се гледа лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседателот на здружението, Блажески. Од СДСМ велат,лицемерот Христијан Мицкоски, да објасни што прави во друштво на претседателот на бугарскиот клуб. Од ВМРО ДПМНЕ, пак рекоа дека ќе поднесат измени на Законот за здруженија и фондации со кои не само што ќе се спречи идно формирање на вакви културни клубови, туку ќе може да се реагира и за постојните.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Охрид троши половина милион денари за софри…

503,500 ДЕНАРИ ПОТРОШЕНИ ЗА БОГАТИ СОФРИ И…

Протест на Независниот синдикат на полицијата пред…

Независниот синдикат на полицијата денеска организираше протест…

Страшна несреќа во Охрид: Товар од камион…

Тројца работници од охридското јавно претпријатие Проаква…

(Фото) Како на филм: Оперативно-тактичка вежба на…

Денеска, во Охрид се одржа демонстрација на…

(Видео) И вечерва искршен бугарскиот клуб во…

По трет пат е искршен бугарскиот клуб…