Полињата во Кочанско во пламен поради масовно палење на стpништа, пожаpникарите интервенираат и по десетпати дневно

t

Територијалната противпожарна единица од Кочани во последните два дена интервенира и по десетина пати дневно за гаснење пожари на отворен простор, предизвикани од палењето на стрништата во нивите.

„Само вчера имавме четири интервенции во исто време на земјоделски парцели на различни локации и се соочивме со силен оган предизвикан од запалени стрништа. Пожарите, помогнати од ветерот, брзо се проширија на поголема површина и беа општа опасност за куќите и помошните објекти во селата Прибачево, Грдовци, Мојанци и Кучичино. Со наточовечки напори успеавме ситуацијата да ја ставиме под контрола на сите места, но масовното палење на стрништата мора да запре. Во спротивно, неодговорноста на земјоделците ќе ја загрози безбедноста и на луѓето и на материјалните добра, а ја нарушува и животната средина“, истакна Владо Јефтимов, заменик командир на ТППЕ – Кочани.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пожар во Мичурин – На терен…

Голем пожар попладнево избувнал во скопската населба…

Девет месеци нема одговорност за пожарот во…

Обвинителството тактизира за случајот со изгорената модуларна…

Изгоре “Ауди” во Гази Баба

Автомобил „Ауди“ рано утрово изгорел пред куќа…

(Фото) Голем пожар во близина на Берлин:…

Голем шумски пожар забрзано се шири во…

Ако има пожари Господ да ни е…

Доколку и ова лето има големи пожари…