Објавено на:

ПОЛНИ ВРЕЌИ СО ГРАНАТИ СРЕДЕ ШИПКОВИЦА: Експлозивните средства биле од кинеско и од југословенско производство

t

Вчера околу 11.00 часот во Полициското одделение Попова Шапка било пријавено дека при изведување градежни работи во с.Шипковица, тетовско, во центарот на селото на место викано „Порој“, при ископ со работна машина биле пронајдени две вреќи со гранати.

„По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и било констатирано дека станува збор за три ракетни гранати, една кумулативна мина од РПГ-рачен фрлач, една тромблонска мина со полнење и седум гранати со полнење од минофрлач од 60мм, делумно корозирани. Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување Скопје експлозивните средства биле безбедно подигнати и било констатирано дека се работи за експлозивни средства од кинеско и југословенско производство“, наведено е во полицискиот билтен.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Францускиот политичар Филопо: Русија го „понижи“ Макрон…

Францускиот галистички политичар Флоријан Филипо објави дека…

Швајцарската царина го прегледува увозот на руско…

Швајцарија е глобален центар за благородни метали…

Додик: Германија го спречи кандидатскиот статус на…

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад…

Илјадници Полјаци и Украинци денеска маршираат за…

Илјадници Полјаци и Украинци денеска маршираат за…

Закани од Грција: Ќе го ракетираме Истанбул

Долго годишните спорови меѓу Турција и Грција…