Објавено на:

Полската амбасада во Москва полиена со “крв”

t

Лица чиј идентитет сè уште не е познат, вчера ја полија со црвена боја амбасадата на Полска во Москва. Потегот следува откако Русија од Варшава побара официјално извинување за сличен инцидент, кога беше нападнат руски амбасадор во Полска, пишуваат странски медиуми.Во понеделникот, украински поддржувачи во Варшава со црвена боја полија руски амбасадор, додека тој чекорел да положи венец, во знак на сеќавање на победата во Втората светска војна.

Руското Министерство за надворешни работи вчера го повика полскиот амбасадор Кристоф Крајевски, да му врачи протесна нота поради „скандалозниот“ напад. Беше побарано и „официјално извинување“ од полската Влада.

„Одлуката за следни чекори, ќе биде донесена врз основа на реакцијата на Варшава на нашите барања“, наведија од руското Министерство.

Истиот ден, црвена боја е фрлена на зградата, каде се наоѓа полската амбасада во Москва.

Според руските и полски медиуми, Крајевски го потврдил инцидентот.

Заменикот на полскиот министер за надворешни работи, Марцин Прзидац во Вашингтон изјави дека очекува Русија да го расчисти инцидентот и да ги фати виновниците.

Шефот на полската дипломатија, Збигниев Рау во понеделникот истакна дека нападот врз рускиот амбасадор, е, инцидент што не требало да се случи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска размислува да го ограничи пристапот до…

Полска разгледува планови да го следи примерот…

Полска е против предлогот за задолжителни заштеди…

Полска е против предлогот на ЕУ за…

Москва предупредува за можни провокации од Киев…

Москва го предупредува Киев за провокации насочени…

Украдени регистарски таблички на дипломатско возило од…

Украдени се регистарски таблички од автомобил кој…

Нова закана: Одговорот на Москва за западните…

Одговорот на Русија на западните санкции може…