Полска поради војната во Украина се гуши во смог

t

„Се чувствувам целосно беспомошно и напуштено од државата“, вели 38-годишната Јулија Ткачук, чиј петгодишен син има астма. Ситуацијата е уште полоша во Краков, вториот по големина град во Полска. Ноќта на 20 ноември, кога температурите оваа година првпат паднале под нулата, единствениот град во светот со поголема концентрација на суспендирани честички (PM 2,5) во воздухот бил Њу Делхи.

Други европски земји, како што се Германија и Унгарија, исто така се потпираат на употребата на лигнит за да ги задржат светлата вклучени. Експертите очекуваат дека употребата на овој енергенс за затоплување на домаќинствата ќе има големо влијание врз здравјето. Во Олпини јагленот е главен извор на греење, а 40% од домаќинствата користат застарени печки, познати како „чадници“ поради отровните испарувања што ги испуштаат.

Универзитетскиот професор Пјотр Клечковски, кој се занимава со заштита на животната средина, проценува дека суспензијата на забраната, само во покраината каде што живеат Ткачук, ќе резултира со до 1.500 предвремени смртни случаи оваа зима. Лигнитот содржи неколку пати повеќе сулфур и пепел и пет пати повеќе жива од црниот јаглен и дава три пати помалку енергија.

Согорувањето создава смртоносна комбинација на сулфур и жива што го зголемува ризикот од астма, рак на белите дробови, срцев и мозочен удар. „Станува полошо: со повеќе сулфур во воздухот, живата полесно влегува во нашите бели дробови“, тврди Клечковски. Со години, Полска беше една од најзагадените земји во Европа и владите постојано се обидуваа да го потиснат согорувањето на валканите горива во домаќинствата.

Меѓутоа, откако во април беше прекинато снабдувањето со руски гас, владата ја укина забраната за согорување на лигнит и неквалитетен тврд јаглен, кој не може ефективно да се филтрира во домашните печки.

Во септември, лидерот на владејачката партија Право и правда (ПиС), Јарослав Качински, дури им рече на жителите на Нови Тарг, градот со најнизок квалитет на воздухот во Полска во 2020 година, да горат што сакаат. „Сè треба да се запали освен гуми или слични работи… едноставно, Полска треба да се загрее“, рече Качински.

Во ноември, регионот Лоѓ во централна Полска, исто така, го одложи за две години воведувањето на забраната за највалканите домашни печки, која требаше да стапи на сила на почетокот на 2023 година. „Централната влада нема никакво влијание врз опсегот и роковите на регионалните правила против смог“, соопшти полското Министерство за клима.

Лекарите тврдат дека промената на политиката веќе предизвикува респираторни проблеми во најзагадените области. Катаржина Мусиол, шеф на педијатрискиот оддел во болницата во градот Рибник, потврдила дека бројот на примени деца во болницата се зголемил по падот на температурите во ноември.

Ноќта на 20 ноември, кога температурата во Рибник паднала под нулата, просечната концентрација на ПМ 2,5 честичките била шест пати над нормата. Честичките се сметаат за најопасниот загадувач на воздухот и со димензии од само 2,5 микрони или помалку можат да допрат длабоко во белите дробови, па дури и во крвотокот.

„Затоа одделението е преполно со деца, од кои 90% имаат состојби предизвикани од смог: отежнато дишење, респираторен синцицијален вирус (РСВ), влошување на астма, бронхитис и пневмонија. Некои бебиња стари неколку недели имаат проблеми со дишењето и РСВ. Смогот е интензивен во последните денови и имаме многу деца на кои им треба интензивно лекување“, изјави Мусиол.

Рибник, град со 130.000 жители во провинцијата Шлезија, ги задржа правилата против смог, па печките постари од 10 години се забранети, но проблемот лежи во широката употреба на јаглен. Полицајката Магдалена Коларчик Гуз патролира низ градот во текот на денот, барајќи куќи од кои излегува чад, за да ги најде луѓето кои ги прекршуваат правилата.

Околу 80% од јагленот што граѓаните на ЕУ го користат за греење на домаќинствата се согорува во Полска. Откако Варшава стана првата членка на ЕУ која во април престана да купува руски јаглен, тој полека почна да исчезнува. Полјаците почнаа да одат во Чешка во текот на летото, каде што купуваа лигнит од локалните трговци на големо за да подготват залихи за зимата.

„Интересот на полските купувачи е огромен. Понекогаш бараат апсурдни количини, полни камиони или 10, 15 тони, со кои не можеме да се справиме“, рече Дан Бернат, чешки трговец со јаглен во Либун, 35 километри од полската граница. Во Полска, три тони црн јаглен, количината потребна за затоплување во текот на зимата, чини меѓу 10 и 12 илјади злоти, додека просечната месечна плата е нешто помала од 5 илјади злоти.

„Ние пумпаме супстанции во атмосферата кои се многу поштетни од она што го видовме во последните 12 месеци. “, заклучува Клечковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се бара притвор за дилери: Чувале дрога…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Членот на ВМРО-ДПМНЕ кој јавно се огради…

Како да не беше доволно истите овие…

Пратеник со плата од 116.000 против синдикалец…

ВМРО ДПМНЕ и денеска го нападна раководството…

Починат маж пронајден во куќа во Богданци

На 30.03.2025 во 17.20 часот во ОВР…