Полскиот министер за одбрана: Нема да испратиме војници во Украина
Полска не се подготвува и нема да испрати свои војници во Украина, изјави за новинарите министерот за национална одбрана на земјата Владислав Косињак-Камиш.
„Овој концепт (за испраќање војници во Украина) го претстави господинот претседател Емануел Макрон пред неколку месеци, Полска не се подготвува и нема да испрати полски војници во Украина“, рече Косињак-Камис.
Истовремено, тој додаде дека Полска ќе продолжи да дава воена помош за Украина, особено кога станува збор за обука на припадниците на украинската армија и испорака на оружје.
„Ќе и помогнеме на Украина со обука на украински војници во нашата земја, со снабдување опрема, со учество во коалиции за помош на Украина“, прецизираше полскиот министер.
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна во интервју за „Економист“ изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина, на барање на Киев, доколку Русија ја пробие линијата на фронтот. Според него, „многу земји од ЕУ“ се согласиле со мислењето на Париз за ова прашање.
Водачот на демократското малцинство во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, изјави во понеделникот дека ако Украина падне, САД можеби ќе треба да интервенираат во конфликтот со распоредување на свои војници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бајден побара продолжување на испораката на оружје…
Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден соопшти…
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Украина најде одговор за рускиот Орешник?
Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Полска воведува задолжителна обука за огнено оружје…
Поради близината на фронтот во Украина, но…