Полскиот премиер бара Норвешка да го дели профитот од нафтата со останатите европски земји

Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, говорејќи на младински собир во Варшава, порача дека поради војната во Украина, Норвешка остварува огромни профити од извозот на нафта и гас и поради тоа би морала да ги сподели добивките со другите земји од Европа.
Моравјецки истакна дека Норвешка индиректно се богати поради се што се случува во Украина и ги повика младите да им пишуваат за тоа на своите пријатели во Норвешка.
Добивката од продажбата на нафта и гас значително ќе ги надмине годишните просеци, а во земја со нешто повеќе од пет милиони жители годинава ќе надмине 100 милијарди евра. Мора веднаш да ја поделат таа огромна добивка, бидејќи не е ниту нормално, ниту фер да не биде така – изјави Моравјецки, пренесува Тасс.
Таквата изјава многу брзо предизвика бројни коментари во земјата. Владејачката партија застана во одбрана на премиерот, велејќи дека и Норвешка разговарала за тоа со дел од тие пари да и помогне на Украина.
Опозициските партии, пак, ја критикуваа изјавата на Моравјецки, велејќи дека таа може да има негативно влијание врз норвешко-полските односи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Илјадници Полјаци и Украинци денеска маршираат за…
Илјадници Полјаци и Украинци денеска маршираат за…
ЕУ и Норвешка ќе соработуваат за гас…
Европската унија и Норвешка се согласија да…
Ако не сакаат да ги денацифицираат и…
Руската амбасада во Осло испрати писмо од…
Кримската сенаротка: Британија гради нов сојуз со…
Велика Британија има намера да ги спроведе…
Норвешка се приклучи на европскиот пакет санкциии…
Норвешка се приклучи на шестиот пакет санкции…