Полски пратеник им се заблагодари на САД за саботажата на Северен тек!
Полски пратеник на Твитер им се заблагодари на САД за саботажата на Северен тек.
Мегусебни обвинувања на релација Берлин-Москва за најновите пукнатини на гасоводот Северен тек 2. Германија се сомнева дека трите истекувања кај Данска и Шведска кои се појавија речиси симултано се резултат на диверзија, но и Москва обвинува за можна саботажа и бара итна истрага за ситуацијата која, како што потенцира, ја загрозува безбедноста на целиот континент. ЕК пак не сака да шпекулира за причините на најновите дефекти се додека не се истражи случајот.
Русија од септември не доставува гас за Германија поради дефект на Северен тек 1, но сега откако протече и Северен тек два, доставувањето стана сосем невозможно. Инаку Северен тек 2 никогаш не беше пуштен во функција, поради санкциите на Германија, но е под притисок во случај да биде искористен за снабдување. Со појава на пукнатините притисокот драстично падна, а еден дена потоа речиси на нула падна и во гасоводот Сееверен тек 1. Данска го забрани морскиот сообракај во точките кои се опасни.
Една од подводните експлозии во областа на гасоводот Северен тек проценета на 100 килограми ТНТ врз основа на сеизмограми – велат шведските сеизмолози.
Thank you, USA. pic.twitter.com/nALlYQ1Crb
— Radek Sikorski MEP (@radeksikorski) September 27, 2022
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕДНИОТ ОД МАКЕДОНИЈА! Уапсени две лица во…
Двајца осомничени екстремисти се уапсени во Австрија,…
Халеви: Израел во состојба на готовност, ќе…
Израел е во состојба на висока готовност…
Трагедија: Приколка од товарно возило усмрти маж…
Шеесет и петгодишен жител на село Младо…
САД ја предупредија Турција на „последици“ доколку…
САД ја предупредиле Турција дека ќе има…
Вучиќ: Целта на протестите против литиумот е…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…