Објавено на:

Поминаа 35 години од денот кога Вардар се радуваа на шампионската титула на Југославија

t

Поминаа точно 35 години од денот кога Црвено-црните се радуваа на освоеното прво место. Фудбалскиот клуб Вардар на 14 јуни 1987 година ја прослави титулата шампион на некогашна Југославија.

Првично на титулата беше напишано името на Партизан, но откако им беа вратени минус бодовите на десет клуба со кои започнаа поради местење во претходната сезона, Вардар беше тој што играше во Купот на европските шампиони како претставник на Југославија.

Таа сезона 1986/1987 за Вардар настапуваа: Тони Савевски, Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Дарко Панчев, Љупчо Марковски, Вујадин Станојковиќ, Јовче Џипунов, Бобан Бабунски, Чедомир Јаневски, Момчило Грошев, Милко Симовски, Љупчо Лазаров, Венцислав Симоновски, Мирко Петров, Благоја Тодоровски, Никола Аврамовски, Зоран Трајчевски, Горан Стојановиќ, Николче Филипов, Васил Рингов, Тони Атанасовски, Јовко Бизимовски. Дел од Вардар во есенскиот дел од сезоната беа Слободан Горачинов и Гоце Димовски, коишто заминаа во странство во текот на шампионатот.

Екипата беше предводена од тренерот Андон Дончевски, заедно со неговите асистенти Мето Спасовски и Кочо Димитровски.

Вардар е единствен клуб од Македонија кој успеал прв да мине низ целта во лигата на поранешна Југославија. Тоа беше титула со која тогаш беше прославена и 40-годишнината од постоењето на клубот.

Во моментов најтрофејниот македонски клуб е второлигаш во Македонија и далеку од некогашните славни денови кога цела Македонија се гордееше со него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: “Северна Македонија деновиве е претворена во…

„Северна Македонија деновиве е претворена во центар…

Мирот, стабилноста и безбедноста се осигурани за…

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ,…

Значи не постоеле?! Македонскиот дел од Комисијата:…

По објавените решенија на Заедничката мултидисциплинарна комисија…

Бугарија будно следи: Засега немало да се…

Софија ги регистрира критиките во македонската јавност…