Објавено на:

ПОМИНА ПРЕДЛОГОТ ЗАКОНИТЕ ЗА БЕХТЕЛ ДА СЕ НОСАТ ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА: Опозицијата ја повикува ЕУ да ја спречи злоупотребата на европското знаменце

t

Сите предложени законски измени се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба за коридорите 8 и 10Д – тврди СДСМ.

Пратениците вчера на пленарна седница ја усвоија потребата по скратена постапка да се донесат измените на петте закони означени со европско знаменце поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д. Заседаваше и матичната Комисија за европски прашања, која е следниот филтер за законските измени, но само го утврди дневниот ред и според најавите денес треба да почне расправата.

На предлог на Владата, вчера на 115. собраниска седница беше изгласана потребата по скратена постапка да се донесат законите за изменување и дополнување на законите за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола), за урбанистичко планирање, за градење, за експропријација и за работните односи, сите по скратена постапка. Овие закони претходно беа предложени од група пратеници, а по блокадата во комисиите од опозициски пратеници, повторно беа предложени минатата недела овојпат на предлог на Владата и со европско знаменце.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во текот на собраниската расправа рече дека владејачкото мнозинство го крши највисокиот акт во државата и Деловникот на Собранието.

Тој рече дека се злоупотребува европското знаменце, што според него ќе значи дека ќе има опструирана дебата како и ограничена амандманска расправа по овие закони.

Постапката за законите, како што се изјаснија во текот на собраниската дебата, е неприфатлива и за пратениците Борислав Крмов од Левица, Павле Трајанов од Демократскиот сојуз и Маја Морачанин од ДОМ, кои исто така укажаа дека со нив не се врши усогласување на законската регулатива со европското законодавство.

ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение оцени дека Ковачевски, Груби и Маричиќ ја загрозуваат евроинтеграцијата на Македонија. Партијата потсети дека и евроамбасадорот Дејвид Гир потврди дека се злоупотребува европското знаменце.

– Системот на европско знаменце се користи кога ја усогласувате вашата легислатива со легислативата и стандардите на ЕУ. Не загрижува означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце, со оглед на тоа што тука нема усогласување со стандардите на ЕУ – изјави евроамбасадорот Гир.

„Ковачевски, Груби и Маричиќ свесно го злоупотребуваат европското знаменце за да прават криминал и гласаат закони кои се и противуставни. Владата на ДУИ поддржана од СДС само декларативно се залага за ЕУ, а всушност, ја злоупотребува евроинтеграцијата за да прави криминал, со што ја загрозува репутацијата на ЕУ во Македонија и влијае негативно кај граѓаните. Ги повикуваме амбасадите на земјите членки на ЕУ, Делегацијата на ЕУ во Македонија и Европската Комисија да ја повикаат владата да ги повлече законските измени со европско знаменце и да не го оцрнува процесот кој има за цел хармонизација на нашето законодавство со тоа на Е“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според СДСМ Коридорите 8 и 10Д се од национален интерес, а со измените во законите, кои се во собраниска процедура, ќе се заштедат 150 милиони евра.

„Со измените на предвидените закони се обезбедува побрза, поевтина и квалитетна изградба не само на коридорите, туку и за сите идни национални и стратешки инфраструктурни проекти, меѓу кои спаѓаат и проекти финансирани од ЕУ, од меѓународни финансиски институции. Сите предложени законски измени се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба за коридорите 8 и 10Д. Оттаму, важно е сите пратеници да ги поддржат измените и дополнувањата, тие да бидат донесени побрзо за делниците да бидат изградени побрзо и поевтино“ – се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ТЕШКА СООБРАЌАЈКА вечерва кај скопската обиколница

Тешк сообраќајна несреќа вечерва се случила кај…

(Видео) Ставете појаси, спремете коленца, „Тешки Мубаети“…

Драги наши читатели и гледачи, наскоро почнуваме…

Петровска до Мицкоски: Претходно ме клеветевте, сега…

Пишува Славјанка Петровска на социјалните мрежи: Ме…

Борел: Операцијата на Украина во правец на…

Офанзивната операција на украинската армија во правец…

НАСИЛНО ЈА ВНЕЛ ВО ВОЗИЛО И ЈА…

Триесетиедногодишник е осомничен за насилно внесување девојка…