Поради бојкот на персоналот: Продолжува прекинот на железничкиот сообраќај

t

Железничкиот сообраќај во државава и натаму е во прекин. Машинскиот и извршниот персонал во Железници на РСМ Транспорд АД Скопје продолжуваат со бојкотот се до исполнување на барањата за исплата на материјалните трошоци, како и на првиот дел од платата за февруари, информира за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал и претседател на Синдикатот на машиновозачи на Македонија.

Патничките и товарните возови не сообраќаат од вчера попладне откако машинскиот и извршниот персонал повтортно го активираа бојкотот од минатата недела.

Раководството на ЖРСМ Транспорт АД Скопје оцени дека станува збор за незаконски штрајк, што не бил најавен писмено.

– Незаконскиот прекин на работа, односно штрајк, не е организиран согласно Законот за работни односи и Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје и не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машиновозачите, оценија од ЖРСМ Транспорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И викате Тито нè измисли?! ,,Другар команданте,…

Генералниот скеретар на Левица, Јована Мојсоска, на…

САД се пишманија: Нема да ја прогласат…

САД нема да ја прогласат Русија како…

Минималната плата во Бугарија се зголемува на…

И семејствата со деца од второ, трето…

(Видео) Фуркан “го пошљака” Тупанчески: На влезот…

Новинарот Фуркан Салиу денеска од министерот за…

51-годишен кичевчанец тепал и ѝ се заканувал…

На 29.11.2022 во 15.00 часот во Кичево,…