Поради дојави за поставена бомба: Во Франција евакуирани 11 аеродроми

Единаесет аеродроми во Франција беа евакуирани денеска поради дојави за поставена бомба, потврди француската цивилна авијација.
На некои аеродроми е во тек евакуација на луѓе, а на некои аеродроми веќе се евакуирани патниците и персоналот. Други, пак, продолжија да работат по извршените проверки, соопштија повеќе извори.
Министерството за внатрешни работи соопшти за францускиот весник „Ле Парисиен“ дека „неколку аеродроми добиле закани за напад“ преку е-пошта, додавајќи дека „се применува принципот на претпазливост“ и дека аеродромите се евакуирани заради безбедносни проверки.
Дојавите за поставени бомби во Франција следат откако млад радикализиран исламист во петокот уби професор на северот на земјата. Поради зголемената опасност од нов напад, безбедносната тревога во земјава е подигната на највисоко ниво. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватските газди бараат магационери „под дрво и…
Хрватските газди моментално бараат повеќе од 2.000…
Мојсоска: Дали професорката по уставно право ќе…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска преку објава…
Радост во Скопје ЗОО: Две нови бебиња…
Од Зоолошката градина Скопје денеска објавија дека…
Застрашувачки вести од Харков: Повеќе од пола…
Русија го нападна енергетскиот систем на Украина…
КАТОЛИЦИТЕ СЛАВАТ БОЖИК: Папата Франциск ја отвори…
Папата Франциск вчера ја предводеше бадниковата миса…