Пораз на Украина ќе значи крај на НАТО, вели Зеленски

Поразот на Украина од Русија на крајот може да ги принуди САД да избере помеѓу распад на НАТО и директна војна, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за Ен-Би-Си Њуз.
-Ако Украина загуби, ако Русија ја окупира Украина, Русија ќе продолжи кон балтичките земји, Полска и така натаму. И тие ќе започнат војна со една од членките на НАТО и во тој момент САД ќе треба да изберат меѓу распуштање на НАТО и војување – вели Зеленски.
Тој потсети дека сите три балтички држави Естонија, Летонија и Литванија се членки на НАТО, исто како и Полска, и дека во согласност со принципот на колективна одбрана на НАТО, напад врз која било членка на пактот се смета за напад врз сите нив.
– Русија ќе ја изгуби војната ако контраофанзивата на украинската армија биде успешна. Нашиот херојски народ, нашите чети на фронтот се соочуваат со многу силен отпор. Затоа што за Русија да ја изгуби оваа кампања во Украина, всушност значи дека ја изгубила војната – рече Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…