Објавено на:

Поранешен британски шпион: Путин е сериозно болен, ми потврдија неколку извори

t

Поранешен британски шпион кој напиша досие за претходниот американски претседател Доналд Трамп и за наводното руско мешање во американските избори во 2016 година, вели дека неколку извори му потврдиле дека рускиот претседател Владимир Путин е „сериозно болен“.

Кристофер Стил, кој го предводеше одделот за Русија во МИ6 во Лондон помеѓу 2006 и 2009 година, а работеше таму во 1990-тите, рече дека болеста на Путин е „дел“ од она што се случува во Украина.

– Секако од она што го слушаме од извори во Русија и на други места, е дека Путин е всушност сериозно болен. Не е јасно што точно е оваа болест, дали е излечива или терминална или нешто друго. Но, секако мислам дека тоа е дел од равенката – изјави Стил за британскиот медиум Скај њуз .

Неговите коментари доаѓаат откако украинскиот генерал-мајор Кирило Буданов во интервју за „Скај њуз“ изјави дека рускиот лидер е тешко болен од рак и дека во Русија се спроведува државен удар за негово отстранување.

Шпекулациите за здравјето на Владимир Путин кружат веќе неколку години, но тие се интензивираа откако тој нареди инвазија на Украина, пренесуваат регионалните медиуми.

Магазинот „Њу Лајнс“ објави дека добил аудио снимка од олигарх близок до Кремљ кој го опишал рускиот претседател како некој што „е многу болен од рак на крвта“, иако не го прецизирал типот на рак.

Во него се наведува дека централата на руската тајна служба ФСБ, испратила строг меморандум до сите нејзини регионални директори, во кој им наложува да не веруваат во гласините за терминалната состојба( фаза на заболувањето) на рускиот претседател.

– Кога ќе видите дека ова се случува, мислите дека веројатно е вистина. Така, мислам дека  елемент од неговата болест е наследна –  рече Кристофер Стил.

Инаку гласините се интензивираа во средата кога обраќањето на Владимир Путин за време на комеморацијата за Денот на победата беше внимателно следено, а набљудувачите ги проучуваа неговите движења и физичкиот изглед. Експертите за говор на телото истакнаа дека лицето на претседателот е „надуено“, а одењето „нестабилно“, што некои сугерираат дека може да биде од лековите што ги зема за својата болест.

Сепак британскиот експерт Стил рече дека дури и да е болен, сепак ќе биде тешко некој друг да влијае на пристапот на Путин

Во меѓувреме британската влада објави дека воведе санкции за членовите на семејството на Путин, како и за пријателите и сојузниците кои му го должат на Путин своето богатство и моќ, а за возврат ја поддржуваат неговата воена машинерија.

Меѓу најпогодените од санкциите се поранешната сопруга на Путин, Људмила Очеретнаја, поранешната олимписка гимнастичарка Алина Кабаева, за која се вели дека има блиски односи со Путин, но и неговите законски ќерки.

„Има многу малку луѓе кои се подготвени да се спротивстават или да се караат со претседателот Путин… Сепак, мислам дека има гласови на неистомисленици кои му велат дека ова е катастрофална војна, особено на економски план и дека нема да биде добро за Русија. Можеме само да се надеваме дека тоа ќе доведе до некаква промена на политиката или дури и режим во догледна иднина, но тоа секако не е сигурно“, рече Стил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дуда: Запрепастен сум од преговорите помеѓу Путин,…

Запрепастен сум од сите разговори со Путин,…

Путин му го плесна: Погрешната политика на…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…

Дали се согласувате со Трас – Путин…

Министерката за надворешни работи на Обединетото Кралство…

(Видео) Вака не се добива војна: Руските…

Новинарот Кристофер Милер на Твитер објави видео…

Путин и Зеленски со исто гледиште за…

Дипломатски извори соопштија дека Путин и Зеленски…