Објавено на:

Поранешниот шеф на НАСА: Мора да продолжиме да работиме со Русија, ние сме тим

t

Џим Грин, кој поднесе оставка од челните позиции на НАСА во јануари, изјави за Би-Би-Си дека вселенската агенција мора да продолжи да работи со Русија бидејќи и треба место каде што ќе можат да работат заедно во мир.

„НАСА верува дека оваа врска треба да продолжи“, додаде тој, пренесуваат медиумите во светот.

Истите потсетуваат дека директорот на руската вселенска агенција Дмитриј Рогозин изјави дека е невозможно да се продолжат нормалните односи со НАСА додека не се укинат санкциите наметнати на Русија, воведени по инвазијата на Украина.

„Сега можеме сами да летаме со Меѓународната вселенска станица. Не зависиме од Русија иако порано тоа беше така. Астронаутите функционираат како тим, меѓународен тим. Ни треба место каде што можеме да работиме заедно во мир. Сега имаме двајца Руси на ISS“, рече Грин.

„НАСА верува дека овој однос треба да продолжи бидејќи тоа се членови на екипажот кои извршуваат важни должности на вселенската станица. Тие се потпираат на астронаутите од ЕСА и НАСА, како што ние се потпираме на оние од тимот од Русија“, додаде тој.

Грин потврди дека ја поддржува НАСА кога му рекол на астронаутот Скот Кели да ги намали критиките за Русија на социјалните мрежи.

„Да, го поддржав потегот на НАСА. НАСА мора да излезе обединета, како една организација“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина почна антикорупциска акција, на удар и…

Претресена е и куќата на поранешниот министер…

Петров: Ако Џамбаски го прекрши законот нека…

Членот на извршниот одбор на СДСМ, Андреј…

Груевски со детали за преговорите со Бугарија:…

Пишува Никола Груевски на Фејсбук: Од секогаш…

Грковска-Ескобар: Република Македонија е на правиот пат…

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за…

Борел вели: Најлесен начин да се стави…

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска…