Порасна цената на нафтата на светските берзи

t

Цените на нафтата денеска се искачија на 99 долари на меѓународните пазари, бидејќи трговците повторно почнаа да се фокусираат на малата понуда, откако Саудиска Арабија посочи дека врвните производители може да понудат помалку барели на пазарот.

На лондонскиот пазар цената на барелот денес е повисока за 2,52 долари од вчерашното затворање и изнесува 99,00 долари. На американскиот пазар барелот нафта е 92,70 долари.

ОПЕК може да го намали производството?

Трговците денеска се фокусираа на пораката од Саудиска Арабија дека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници може да го намалат производството доколку ситуацијата го бара тоа.

ОПЕК + има доволно простор за маневрирање за да се справи со предизвиците, вклучително и намалување на производството,  изјави министерот за енергетика на Саудиска Арабија, Абдулазиз бин Салман во интервју за Блумберг.

„Прашањето е дали намалувањето на производството на ОПЕК или ОПЕК + по септември би било оправдано. И покрај слабоста во изминатите неколку дена предизвикана од инфлацијата, се чини дека пазарот на нафта неодамна воспостави пониска ценовна граница“, рече Тамас Варга од брокерската куќа ПВМ.

Цените се намалија од највисоките нивоа постигнати под влијание на руската инвазија на Украина и западните санкции против Русија, по што почнаа стравувањата од глобална рецесија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на нафтата над 90 долари за…

Цените на нафтата на светските берзи растат…

Сирија бара од САД да платат за…

Сирија ги повика ОН да преземат акција…

Саудиска Арабија ќе продолжи да го намалува…

Саудиска Арабија ќе продолжи да го намалува…

Нов скок на цената на нафтата

Втора недела по ред цената на суровата…

БРИКС стануваат нов нафтен гигант

ГРУПА земји од БРИКС е на пат…