Објавено на:

Португалскиот селектор го има тимот за во вторник: Пепе и Кансело се враќаат во првите 11

t

Португалскиот селектор Фернандо Сантош веќе го скоцка(л) тимот со кој ќе излезе против Македонија во мундијалското финале од плејофот утревечер (20.45 часот) на „Драгао“ во Порто и според последните најави, промени ќе има само во дефанзивната линија и многу извесно во формациската поставеност, пренесува Спорт 1.

Двете замени во однос на Турција се поради враќањето на Жоао Кансело по сусипензија и на Пепе поради изолација од ковид-19, па овие двајца ќе бидат дел од дефанзивната четворка во однос на одбраната која играше против Турција во триумфот со 3-1.

Според најавите, на голот останува Диего Коста кој доби предност пред Руи Патрисио, Пепе и Жозе Фонте ќе бидат стоперскиот тандем поради отсуството на најдобриот дефанзивец Рубен Дијас. Кансело се враќа на десен бек на местото на Диего Далот, кој беше стартер со Португалците, а Рафаел Гереиро останува лев бек.

За разлика од мечот со Турција на кој Сантош играше во формација 4-3-3, овојпат португалски медиуми најавуваат дека истата можно е да се трансформира во 4-4-2 со тоа што Отавио ќе остане како крило, но ќе има и малку подефанзивни задачи во текот на мечот со цел да се спречува брза транзиција на Македонија после изгубена топка на Португалците.

Жоао Мутињо би требало да остане централен играч за врска, иако постојат најави дека Вилијам Карвалјо би можел да влета на оваа позиција за да се има поефективен деструктивец во средината, во која Бернардо Силва и Отавио би делувале по крилни позиции, а Бруно Фернандеш како плејмејкер за напаѓачкиот двоец Кристијано Роналдо – Диего Жота.

Сантош денеска на последниот тренинг ќе ги одгатне последните дилеми, ако воопшто го има, за стартните 11, но најавите се дека освен во одбраната нема многу што да смени од тимот кој ја победи Турција во полуфиналниот бараж.

Извор: Спорт 1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Ој бе, легнете си со жените:…

Нов статус на пратеникот и лидер на…

(Фото) Путин потпиша декрети за признавање на…

Путин потпиша декрети за признавање на окупираните…

Бајден: Иан можно е да биде најсмртоносниот…

Тој рече дека бројките се уште не…

Гутереш: Нема место за анексии во современиот…

Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе иницира…

(Видео) Автомобил се движи ,,рикверц” на патот…

На Фејсбук страницата на Гласот на Америка…