Објавено на:

Посвежи утра, преку ден сончево и топло, од понеделник температурен шок

t

Утрото свежо, преку денот сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 11 степени, а дневните ќе бидат во интервал од 21 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност со максимална дневна температура од 28 степени.

Во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, а релативно топло преку денот. Во текот на ноќта кон понеделник се очекува продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата, особено во северните делови.

Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за локален дожд. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник јужен ветер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со возило следел две малолетнички и се…

Непознато лице со возило следел две малолетни…

Паника во Европската Унија – доаѓа нов…

Изгледа дека следниот национален лидер на Европа…

Еуроњуз: САД и Србија започнуваат стратешки дијалог

Соединетите Американски Држави и Србија ќе започнат…

Канадскиот министер за енергија го предупреди Трамп…

Канадскиот министер за енергија Џонатан Вилкинсон денеска…

Градоначалничката на Лос Анџелес го скратила буџетот…

Осигурителната компанија „Стејт фарм“ пролетва реши да…