Последните анкети укажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори со повеќе од десет пратеници

t

„На анкетите се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на кои било избори наредниве месеци или години со повеќе од десетина пратеници, па и 15-тина пратеници и тоа говорат последниве анкети. А, тоа е навистина сериозна бројка за разликата што би ја имале ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ говорам за токму помеѓу овие две партии“,истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Мисајловски додаде дека ако се гледа последната графа каде што е Христијан Мицкоски, Зоран Заев и другите лидери може да се воочи дека Христијан Мицкоски води дупло спрема останатите.


„Кога ќе во која насока оди државата, дали во добра или во лоша односно погрешна ќе видите дека преку 70% од граѓаните велат дека е лоша. Што значи членството на СДСМ, нивните симпатизери се тргаат од нив бидејќи навистина е лоша ситуацијата, лошо е да се живее во Македонија со сето она што го направија. И на крајот од денот многу луѓе го гледаат сето ова и си викаат зошто би прифатиле да бидат дел од СДСМ сега во една очајна Влада каде што претпоставувам ќе им биде мандат како да ги потскријат, затскријат, под тепих да ги стават сите овие работи нечесни што ги правеле СДСМ и нивниот врв“, појасни Мисајловски.

Мисајловски посочи дека оваа Влада селотејп ќе пукне кога тогаш.

„Оваа Влада ќе има завршеток, и ќе има одговорност. Мора да има одговорност, ако нема одговорност тогаш ВМРО-ДПМНЕ не би било чесно пред граѓаните за она што го зборувавме. Бидејќи извадивме најмногу афери во историјата на било која опозиција. се боревме навистина мачно овие четири години“, рече Мисајловски.

Мисајловски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори против Владата на СДСМ, потребно е да се стави крај на невидениот криминал и корупција која што ја прават секојдневно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот европратеник Ќучук: После толку обиди за…

Бугарскиот европратеник и известувач за Македонија, Илхан…

Бугарски професор: Ветото е бугарска глупост на…

Бугарскиот професор Евгени Даинов вечерва во дебатниот…

Одлуката за Македонија ќе се носи во…

Коалицијата имаше многу конструктивен дијалог на темата…

Османи кон Кулеба: Македонците како никој друг…

Русија не само што ја мрази соседната…

Коалиционите партнери на Петков: Украина не може…

„Очекуваме да слушнеме што ќе се случува…