Објавено на:

После 28 години „Најк“ целосно се повлекува од рускиот пазар

t

Американскиот гигант за спортска облека „Најк“ соопшти дека целосно го напушта рускиот пазар, три месеци по суспендирањето на сите свои операции во земјата.

Компанијата објави дека им се придружува на другите големи западни брендови во напуштањето на рускиот пазар поради тековната инвазија на Украина.


„Продавниците неодамна беа привремено затворени и нема повторно да се отворат“, соопшти компанијата, додавајќи дека нејзината руска веб-страница и апликација, исто така, ќе биде затворена.

На почетокот на март, „Најк“ ја суспендираше онлајн продажбата во Русија и неколку дена подоцна привремено ги затвори сите свои продавници, вклучително и оние што работат со договори за франшиза.

„Најк“ беше активен на рускиот пазар 28 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Швајцарската царина го прегледува увозот на руско…

Швајцарија е глобален центар за благородни метали…

Илјадници Полјаци и Украинци денеска маршираат за…

Илјадници Полјаци и Украинци денеска маршираат за…

Русите го окупираја Северодонецк, објави градоначалникот

Руските сили сега го контролираат Северодонецк во…

Руските трупи во Лисичанск: Се водат улични…

Руските и проруските сили влегле во Лисичанск…

Светските лидери се соочуваат со кризи на…

Каква разлика прави една година. Огромните предизвици,…