Потврден првиот случај со омикрон во Струга

t

Потврден е првиот случај со омикрон, новиот сој на Ковид – 19 во Струга, информира за МИА епидемиологот од Центарот за јавно здравје Јованка Струлакова – Коровешоска.

Се работи за асимптоматски случај кај повозрасно лице, вакцинирано со две дози „Фајзер“.


Лицето во моментот е во изолација. ПЦР тест правеше пред една недела заради патување во странство. Во текот на скринингот излезе дека е позитивен на Ковид – 19, а денеска добивме потврда дека се работи за новиот сој омикрон, изјави Струлакова – Коровешоска.

Според анкетниот лист, посочи дека лицето не знае од каде се заразило, а како контакти ги навел членовите од потесното семејство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 100 новозаразени од ковид вчера

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Ковид амнестија: Во Русија нема да се…

Московските власти ќе престанат да бараат исплата…

Германија со одлична вест за гастербајтерите, се…

Германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах денеска…

Струшките дуќанџии бараат да им се дозволи…

Струшките дуќанџии бараат да работат во недела.…

Интерес за вакцинација против Ковид-19 нема ама…

Доцнат детските вакцини против Ковид кои требаше…