Потег за поздрав: Османи успеа да го евакуира семејството Спирковски од Харков со бебе старо само 5 дена

Семејството Спирковски, од градот Харков, кое беше во најтешка состојба, со новороденче кое има само неколку дена, во моментов е дел од посебен безбедносен коридор на повеќе од 100км од градот и е на пат да ја напушти Украина.
Тие со на безбедно и се во доба состојба. Очекувам во текот на денот да ја напуштат Украина и потоа со асистенција на нашата дипломатска мрежа, од соседството на Украина, ќе се воспостави нивниот транспорт до Скопје.
Ова е најсложениот случај од процесот на евакуација. Продолжуваме понатаму во соработка со нашите партнери и сојузници, во обезбедување нови безбедносни коридори за евакуација на нашите граѓани од Украина.
Да информирам, дека во Харков, градот кој е најпогоден со воени дејствија, во моментов немаме веќе пријавени наши државјани, пишува министерот за надворешни работи Бујар Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба се пофали: Пристигнува ново тешко оружје…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба…
Бугарскиот европратеник Ќучук: После толку обиди за…
Бугарскиот европратеник и известувач за Македонија, Илхан…
САД не престанува: Нови санкции за две…
САД денеска воведоа санкции за две руски…
(Видео) Годините си го прават своето: Бајден…
Бајден ја помеша Северна Кореја со Јужна…
Курти: Проблемите на Балканот доаѓаат од Белград…
Балканскиот регион е загрозен единствено од Белград,…