Почина легендарниот македонски одбојкар Владимир Ѓорчески
Тажна вест за спортска, посебно одбојкарска Македонија. На 66 години почина легендарниот одбојкар Владимир Ѓорчески, еден од нашите најдобри одбојкари во историјата и татко на нашата тенисерка Лина Ѓорческа. Вест која ја потресе Македонија, објави порталот СпортСпорт.
Ѓорчески својата кариера ја почна во своето Тетово, во тимот на Југохром, потоа кариерата го носеше во Работнички и Вардар.
Ѓорчески својата блескава кариера ја продолжи во Барселона (Шпанија) и во Арис (Грција), за да на крај повторно играше за Вардар и Југохром.
Беше дел од репрезентацијата на Југославија со 48 настапи, а беше и прв капитен на секцијата на Македонија по нејзиното осамостојување, пишува порталот.